Очигледно е дека општината Струга досега не најде добро решение за проблемите во средните училишта „Нико Нестор и „Ибраим Темо“ каде веќе дваесетина дена учениците Македонци ја бојкотираат наставата, соопшти Владата. Учениците кои не одат на настава бараат воведување етнички смени како решение на инцидентите и тензиите кои неодамна кулминираа со масовни тепачки помеѓу учениците Македонци и Албанци.
на повидок етнички мсени во струшките средни училишта?
Владата информираше дека останува отворена заедно со локалната самоуправа да се изнајде решение за проблемот. Таа смета дека приоритет во моментов е да се обезбеди безбедност за децата и да се спречат поголеми инциденти.
Во тој контекст Владата не ја отфрла ниту можноста од воведување етнички смени. Ќе се бара најдобро решение, но доколку не го најдеме не е исклучена поинаква техничка организација на наставата согласно јазикот што го изучуваат учениците, односно ќе се бараат решенија кои што гарантираат безбедност на децата, информираше владата.
Ohridnews