Режисерот Квентин Тарантино открил дека би сакал да работи со Џони Деп и додал дека тоа и ќе се случи, штом му најде улога која ќе му одговара. Гостувајќи во едно шоу рекол дека со години ја разгледувал можната соработка со Џони Деп бидејќи обајцата биле обожаватели еден на друг.
Неговиот најнов филм „Осветата на Џанго“ со Џејми Фокс, Леонардо ди Каприо и Кристоф Волц, неодамна се појавил во светските кина, а на нашиве простори се очекува во текот на овој месец.