Според најавите на претседателот на општинската организација на СДМ во Охрид, Томе Чингоски, на повидок е ново советничко мнозинство во градското Собрание.
– Во моментов е напрвена коалиција со Либерална Партија во Скопје и чекаме сите тие коалиции да се спуштат во базите, до овој момент немаме добиено таков сигнал, но очеувам да дојде, по што ќе се прецизираат деталите. Со господинот Љупчо Нечкоски до сега сме оствариле комуникација прватно, а на партиско ниво сеуште не сме разговарале со либералите околу коалицирањето на локално ниво – рече Томе Чингоски во емисиајта Соочување со Љупчо Таневски на Радио Охрид.
Тој рече и дека постои големо расположение кај либералите од Охрид да се приклучат кон коалицирање со СДСМ.
На прашањето какви ефекти ќе има ова коалицирање во советот на Општина Охрид, Чингоски рече
– Од како ќе ги добиеме напатствијата од највисокото на пониските нивоа ќе седнеме со коалиционите партнери на локално ниво и се наеваме дека ќе направиме нова коалиција во советот, по што ќе имаме мнозинство а градоначалникот ќе дејствува послободно, бидејќи јасно е дека се опструира работата на советот – рече Чингоски.
Тој во коалицијата со ЛП гледа крај на неамњето мнозинство во советот и очекува дека после тоа ќе се стабилизира работата на советот и тој ќе рабои поефикасно без опструкции.
– Во моемтов во советот коалицираме со ЛДП, традиционалниот наш партнер, имаме двајца советнции нивни и нашата советничка група, а со другите во зависност од ситуацијата си договараат Градоначалникот и Претседателот на совет. Тоа е на партиско ниво, значи коалицираме засега само со ЛДП , а јас немам мандат да зборувам во името на советниците – рече Томе Чингоски и додаде дека СДСМ не преговарал со Перо Калимеро и никогаш формално не бил во коалиција со СДСМ.
Томе Чингоски во емисијата ги демантира изјавите на Владо Чингоски, дека листите со пратеници во партиите се прават под влијание на одредени центри на моќ, и рече дека самиот факт што Владо Чингоски тоа го кажал јавно а не е сеуште исклучен од СДСМ и нема никакви репркусии е доволен показател дека СДСМ е партија со голема внатреапртиска демократија и слобода на членовите.