Во биританското кралско семејство се „подготвува“ скандал. Повеќето благородници се лути на принцот Вилијам и на Кејт Мидлтон бидејќи одлучиле да го крстат синот Џорџ на интимна прослава кон крајот на овој месец, на која тие не биле поканети. Тетките на принцот Вилијам, принцезите Ани и Софија, грофиците од Весекс, биле изоставени од листата на поканети, па старите членови на кралското семејство биле многу лути поради тоа.
Иако Бакингамската палата одбила да го коментира тоа, се чини дека правујковците на Џорџ, принцот Ендру и принцот Едвард, исто така не биле поканети на долгоочекуваниот настан кој ќе се одржи на 23 октомври. Инаку, Вилијам и Кејт одлучиле да раскинат со кралската традиција па синот ќе го крстат во капелата во палатата Ст. Џејм, бидејќи просторот бил помал и поинтимен од Бакингамската палата. На крштевката ќе присуствуваат само најблиските членови на семејството и пријателите.