Оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со подготовките за брза интервенција во зимски услови. На повеќе пунктови во У.З „Стар Град” депонирани се вреќи со сол и ризла, информираат од претпријатието.

Овој дел од градот е од највисока категорија по приоритет за интервенција заради специфичноста на теренот, тесни и стрмни улици и сокачиња. На овој начин, во услови на снег и голомразица, ќе се овозможи непречено движење на граѓаните и возилата во стариот дел од градот, потенцираат.

Од претпријатието посочуваат дека со подготвителните активности за интервенција во зимски услови ќе продолжат и во другите делови од градот, според претходно дефинирана приоритетна група.

Овие активности ги спроведуваме согласно законските обврски кои ги има ЈП „Охридски Комуналец” околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”, додаваат од ЈП „Охридски Комуналец“ .

OhridNews