На последниот ден од летото ќе имаме сончево време со мала, а на југозапад со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 25°.

На првиот ден од есента, 22 септември, претпладне ќе преовладува сончево со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во Охридскиот регион ќе се спушти до 12°, а максимапната ќе достигне 25°, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews