По повод претстојниот попис на населението кој ќе се спроведе од 1 до 15 октомври, Неформалниот Сојуз на Југословените во Македонија, со повик до граѓаните на Република Македонија- оние кои се чувствуваат како Југословени, без разлика на пол, вера, возраст, политичко или било какво определување, на пописот да се изјаснат како Југословени.

Како што пренесуваат дел од медиумите, во соопштението на сојузот, е наведено дека во текот на минатата недела остварен бил контакт со Државниот завод за статистика од каде е добиена потврда дека доколку некој граѓанин во врска со националната, односно етничката припадност се изјасни како Југословен или Југословенка, така ќе биде и запишан.

Неформалниот Сојуз на Југословените го поздравува тоа што на граѓаните од југословенска националност им се дава можност да се изјаснат како Југословени, бидејќи според нив, на пописите во 1991, 1981, 1971 и 1961 година илјадници граѓани на Македонија, а стотици илјади граѓани на Југославија се декларирале како Југословени.

Што се однесува до изјаснувањето за мајчиниот јазик, од сојузот ги повикуваат сите Југословени слободно да го наведат, меѓутоа Југословените-говорници на една од варијантите на српскохрватскиот/хрватско- српскиот јазик ги охрабруваат да се изјаснат дека мајчиниот јазик им е српско- хрватскиот односно хрватско- српскиот, и со тоа јасно да дадат до знаење дека не го прифаќаат вештачкото политичко делење на својот јазик во неколку јазици-дијалекти, се вели во соопштението.

OhridNews