На денот кога го слави светото Благовештение на Пресветата Богородица, во Благовештенскиот манастир во населба Рача во недопрената природа, традиционално на полноќ ќе се освети вода и ќе се прекрши празничен колач.
Со Благовештение почнуваат сите господови празници, а традицијата е дека секоја година од околните села па дури и од други градови е најпосетуван храмот во Рача кој е погоден за исихастички живот ( молитвен ) каде секоја година на полноќ се осветува вода. Оваа традиција датира од 1947 година после поплавата која го зафатила манастирот и оттогаш потекува водата на полноќ.
Oд храмот во Рача ги покануваат сите верници да присуствуваат на одбележувањето на празникот Благовештение.
OhridNews
Света литургија во „Св.Софија“ за празникот Свето Благовештение