Вечерва на полноќ започнува изборниот молк, кога политичките партии кои учествуваат на предверемените парламентарни избори   2008 година, ќе ги замрзнат сите активности сврзани со изборите. Се сработи што се сработи, сега на потег се граѓаните на кои до в недела им се остава време да го сумираат се она што го слушанале за време на кампањата.
   
Партиите имаа еден месец да го дадат максимумот од себе за да се претстават во најдобро светло, но и да го привлечат гласачкото тело на своја страна. За време на изборната кампања, граѓаните имаа можност да слушнат од презентација на сопствената партиска програма  до меѓусебни партиски обвинувања. Овој пат, и за новинарите имаше помалку “трчање” по партиските штабови зашто прес-конференциите се одржуваа во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, двете партии кои прават широки коалиции.
   
Поголеми политички инциденти речиси и да немаше, со исклучок на уништувањето на изборните плакати и узурпацијата на гласачкото место “Билјани Извори” за политички цели при што навреме реагираше и Министерството за правда. Како потписници на Кодексот за фер избори, партиите меѓусебните вербални пресметки и обвинувања ги презентираа на прес-конференциите, митинзите и во рамките на платените политички емисии на маедиумите.
  
 “Јани Макрадули им испраќа роденденски честитки на граѓаните како да е мобилен оператор. СДСМ го достигна дното на политичката реторика. Коалицијата ” Сонце” нема конкретна изборна програма.ВМРО- ДПМНЕ ги користи државните институции за реализација на кампањата. ДПМНЕ безмилосно користи државни пари за изборната кампања.”, ова се само дел од обвинувањата кои си ги кажаа меѓусебно политичките противници.
   
Во насока на демократски, фер и мирни избори  и амбасадорките Холандија  и Швајцарија, Симоне Филипини и Никол Виршл,  во Охрид ги подучуваа партиите како да организираат демократски избори. ” Охрид е туристички град, а туристите не сакаат да посетуваат небезбедни места” порача амбасадорката Филипини.
   
Градоначалникот, Александар Петрески апелира до полтичките партии, по завршувањето на изборите, нивните подмладоци да си ги отстранат плакатите, зашто во Охрид треба да се спроведува и туристичка кампања.

Александра Ристоска