Денеска на полноќ истекува рокот за поднесување независни кандидатури за претседател на државава, за градоначалници и за советници на општините. Регистрираните политички партии се уште имаат време да размислат чии имиња ќе ги стават на своите листи зашто законски рок за нив истекува на 15 февруари.

До подрачното одделение на министерството за правда се доставени повеќе кандидатски листи за претседател на Македонија. Освен најголемите партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, претседателски кандидатури имаат доставено Слаѓана Тасева, Нано Ружин, Благоја Марковски од ПОДЕМ, Џорџ Атанасовски  и Невзат Халили. Дознаваме дека се собрани потписите за кандидатот Имер Селмани.

За членови на охридскиот општински совет претендираат 7 независни групи чии носители се Владо Цветкоски, Љупчо Настоски и  Перо Петрески – Калимеро кои веќе ги собраа потребните потписи,  како и листите  на Никола Пулески, Сашо Ристески, Томе Трајаноски и Борче Стојаноски.

Во одделението на министерството за правда во Охрид е поднесена и една градоначалничка кандидатура, на Владо Рувинов – Љац. Во општина Дебрца потписи за градоначалник собира Наумче Мицески.

Регистрираните политички партии   се уште имаат време да размислат чии имиња ќе ги стават на своите листи зашто законски рок за нив истекува на 15 февруари.

ВМРО-ДПМНЕ се уште  го држи гласачкото тело во неизвесност. Партиски извори велат дека кандидатите за членови на општинскиот совет се уште не се поминати ниту на општинско ниво. Откако ќе ги утврди општинскиот комитет, тие ќе се најдат на разгледување и потврдување кај највисоките органи на партијата.

А.Р.