Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
- Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 02.04 до 07.00 часот на 03.04.2020 година, едно лице во Кичево не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19. Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, информира Димоски.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација, а извршени се 59 контроли на евидентираните лица со решение за изолација од кои 48 во Охрид-48, осум во Струга. Истовремено, евидентирани се 9 нови лица во самоизолација, сите од Дебар и спроведени се 260 контроли врз лицата во самоизолација од кои 9 лица во Охрид-, 116 во Струга.
Полициските службеници извршиле 56 контроли на угостителски објекти.
OhridNews