Во етер излезе најновиот видео запис на младиот охридски артист Благој Шикоски-Багзи, за темата „НА ПОД“ која е комплетно негово авторство.
Овој нов проект е нешто поразлично од претходните негови песни. Песната и спотот се во продукција на „MECKA WARRIOR PRODUCTION“.
Спотот е втор видео запис од опусот на Багзи, изобилува со многу специјални ефекти и вреди да се погледне, затоа што навистина изгледа светски. – велат од тимот на Багзи.