Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 11 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.

Во втормик слично време и потопло, со максимална температура до 15 степени. Во среда ќе биде променливо облачно, со локален дожд и со умерен северен ветер. Дневната температура ќе опадне во просек за околу 3 степени. Во четврток ќе настапи стабилизација на времето. Ќе преовладува претежно сончево време со максимална температура до 14 степени.

OhridNews