Ештон Качер и Мила Кунис планираат свадба и деца, но нивните поранешни колеги од серијата “Весели седумдесетти“ се шокирани со таа вест бидејќи тврдат дека тие двајца се презирале за време на снимањето. Сите се чуделе поради нивната врска. Воопшто не биле пријатели додека ја снимале серијата, и не само што не биле блиски, туку и не можеле да поднесат да работат заедно. открил извор близок на парот.
Кунис ја глумела размазената богата девојка Џеки, која била во врска со Келс, кој го глумел Качер. Изворот рекол дека воопшто не биле блиски на снимањето, туку спротивно. Но, откако Ештон се развел од Деми Мур, двајцата млади актери почнаа да се дружат, а наскоро пирјателството се претворило во романса. Откако минатата година разводот на Качер и Мур стана и официјален, вљубениот пар конечно можел да се вери, а папараците го фотографирале големиот дијамантски прстен кој ја красел раката на Мила.