– Ќе се обидеме да го повториме минатогодишниот успех – вели капитенот на екипата Весна Балазоска. Оваа година имаме добар ждреб и очекувам да се најдеме во финалето на националниот куп од каде би можеле да се вратиме со трофеј – додава Балазоска.
Во наредното 11 коло во СРЦ Билјанини Извори “охриѓанки“ против тимот на Куманово ќе се обидат да стигнат до четвртата победа. Во првиот меч Куманово ја совлада Билјана со 69:60.
Натпреварот се игра в Недела во 16.30 мин.