По повод Светскиот ден на срцето, 26 септември, Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид, денеска, на Градскиот плоштад “Климент Охридски” во Охрид во периодот од 10.00 -15.00 часот, ќе реализира кампања под мотото “Јас работам со срце”, која има за цел да влијае на зголемување на свеста на граѓаните за здравјето на своето срце. Кампањата Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид ќе ја реализира во соработка со Фармацевтската куќа „Баер“.

Секоја година во светот, од болестите на срцето и крвните садови на мозокот умираат 17,2 милиони луѓе. Во Европа околу 50% од сите смртни случаи, се предизвикани од овие заболувања. Се повеќе заболуваат лица под 65 години возраст, односно лица во најпродуктивниот период од животот. Доколку не се превземат соодветни мерки до 2030 г., 23,6 милиони луѓе, секоја година ќе умираат од срцево-садови заболувања (главно од срцеви и мозочни удари), предупредуваат кардиолозите. Тие укажуваат дека дека 80% од предвремената смртност предизвикани од болестите на срцето и мозочниот удар може да се спречи со контрола на неколку значајни фактори на ризик, во кои спаѓаат пушење, неправилна исхрана и физичка неактивност.

OhridNews