Во духот на меѓусебното почитување, толеранција и соживот, градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески, синоќа на плоштадот „Чинар” приреди Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед.
Оваа традиционална манифестација има за цел да ги зајакне односите помеѓу охриѓани и да испрати порака за хуманост и солидарност.
Оваа година муслиманскиот празник Рамазан Бајрам е на 4 јуни, кога завршува Рамазанскиот пост.
OhridNews