Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот.

Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, но не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50м. до 70м. има на Плетвар, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

OhridNews