Министерството за животна средина и просторно планирање ги демантира информациите дека на плажите во Охрид ќе се носи песок од реките Вадар, Радика и Елешка река, на што реагираа експертите од Хидробиолошкиот институт.

Тие сметаат дека со носење на неафтохтон песок кој содржи икри и други живи материи од реките може да го наруши биодиверзитетот на Охридското Езеро. Против попесочувањето на плажите со матерјали од реките е и спортско риболовното друштво Св. Апостол Петар, од каде исто така предупредуваат на последиците доколку тоа се случи.


да не се наруши природниот баланс

Во условите од тендерот што ги пропиша Министерството за транспорт и врски меѓу другото стои дека плажите на подрачјето на општина Охрид треба да бидат уредени и попесочени со афтохтон песок од гореспоменатите реки, на што реагираа научната јавност и заштитарите.
Од Министерството за животна средина појаснуваат дека плажите на Охридското Езеро нема да бидат уредувани со неафтохтона песок и дека нема да се вадат камењата од вода во близина на брегот, бидејќи тоа се природни мрестилишта за рибите.

Од ова министерство велат дека доколку закупецот има потреба од песок за уредување на плажата, тогаш ќе му биде посочено од кои локации ќе може да ја донесе. Од Министерството за животна средина велат дека закупците ќе мора да исполнат строги критериуми при уредувањето на плажите за да не дојде до нарушување на природниот баланс, и дека матерјалите со кои ќе се уредуваат плажите ќе бидат строго контролирани.