Безживотно тело на маж, најверојатно давеник, пронајдено било денеска околу 14:40 часот на плажа во близина на туристички комплекс во Струга.

Веднаш биле алармирани брзата помош, полицијата и спасителните служби на Црвениот крст.

Информацијата за OhridNews ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Се работи за 66 годишно лице чиј идентитет се уште не се соопштува. На телото не биле констатирани траги од насилство.

Г.М.