Брачниот пар Маргарет и Ник Флипенс од шкотскиот град Абердин како и секој ден шетале по брегот со своите кучиња кога наишле на џиновски труп од непознато животно. Телото седело неподвижно свиено во песокот. Ник изјавил дека биле запрепастени и дека телото изгледало како нешто од праисторијата.


Парот ја повикал крајбрежната стража која го однела трупот, а експертите сеуште не се сигурни на кое животно му припаѓало девет метри долгото тело. Роб Девил, експерт за морски животни при зоолошката во Лондон изјавил дека според големината би можел да биде кит убиец, а втората можност била да станува збор за кит дебелоглавец. Најверојатно бил умрен од претходно, а плимата дури сега го исфрлила на брегот.