Гроб кој најверојатно и припаѓал на благородничка од пред 7000 години, откриле археолозите на Плаошник.

Првичните проценки се дека остатоците од женското тело и припаѓале на важна личност, на што упатува и круната која била пронајдена во гробот. Ќе следат дополнителни анализи по кои археолозите со поголема точност ќе можат да изнесат детали за благородничката која најверојатно потекнува од бронзеното време.

Нa Плаошник во тек се завршните истражувања на просторот на кој од наесен треба да започне реконструкцијата  на Св. Климентовиот универзитет.

Ohridnews