Традиционално на Плаошник денеска по шести пат на најдобрите десет студенти од инженерските факултети им  беа  доделени наградите  „Инженерски прстен“.


Наградите на најдобрите инженери им ги врачи престедателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов кој во своето обраќање на ја истакна важноста на природните науки.


– Спојот меѓу знаењето и применливоста на тоа знаење е она што значи успешна приказна на нашето време. Се надевам дека оваа награда ќе биде поттик за вас да создавате и креирате, односно се она што го имате да го искористите, рече претседателот Иванов. Тој нагласи дека највисоката обврска на луѓето што ја водат државата е да создадат амбиент амбициозните и желните за успех да останат тука, потенцирајќи дека инвестиции во образованието ќе овозможат македонската економија да се отвора кон светот.


Претседателот на Инженерската институција на Македонија, Александар Димитров од своја страна ја посочи инженерската професија како движечка сила на развојот на секоја земја.

– Ова ја прави сосема разбирлива тендецијата нашата земја во овој период на интензивни реформи да се потпира токму врз инженерскиот кадар, неговата успешност и знаење, не само да обезбеди брз економски развој, туку и да успее да се вклучи во големото евроатлантско семејство, истакна Димитров.


За прв пат признанијата „Инженерски прстен“ на Плаошник беа доделени во 2004 година.

Ohridnews