На планините во покраините Корушка, Салцбург и Штаерска, каде се наоѓаат познатите скијалишта, падна повеќе сантиметри снег, па така на планинскиот врв Сонблик вчера снежната покривка достигна висина од 20 сантиметри.
Според податоците на полицијата на местата Турахерхе, Нокалм и Гросглокнерхалпенштрасе, сообраќајниците се чистеа со зимска механизација и воведена е задолжително возење со ланци.
„Нашата станица за мерење на Филахер Алпен во просек на секои две години регистрира во јули снежна покривка“ – пренесе Пол Рајнер од метеоролошкиот завод во Клагенфурт.
Инаку последен пат снег падна во јули 2007 година, додека во 2004 година забележана е рекордна висина од 16 сантиметри снежна покривка.
Во покраината Салцбург заладувањето во неделата ноќта донесе снег на висина од 1 600 метри, а температурата падна на девет степени.
Експертите во Салцбург истакнуваат дека не е необично кога на кратко летно време паѓа снег на планините, но необично е волку долга студена фаза.
извор: Makfaks