Една од најпосакуваните девојки во Англија и сестра на сопругата на принцот Вилијам, Пипа Мидлтон, наскоро би можела да се најде пред суд поради загрозување на општата безбедност. Пипа во Париз се возела со автомобил со тројца пријатели, кога еден од нив на сред бел ден извадил пиштол и почнал да мафта со него пред многуте минувачи.

Доколку париското обвинителство покрене постапка, Пипа би можела да одговара за соучество во ова дело бидејќи се наоѓала на совозачкото место во автомобилот. Доколку се докаже дека во прашање е вистински пиштол, казната за сите учесници може да изнесува до седум години затвор. Доколку се докаже дека пиштолот е лажен, им следува казна од две години.