Медиумите пишуваат дека се водела вистинска битка помеѓу познатата американска новинарка Барбара Валтерс и култната ТВ водителка Опра Винфри, кои правеле се за да ја доведат Пипа Мидлтон во својата емисија и да имаат еден час со неа само за себе. Таа, според нив, била гостин од соништата за оваа година. пипа преку ноќ станала сензација преку Атлантикот откако го воодушевила светот појавувајќи се како деверица на венчавката на нејзината сестра Кејт и принцот Вилијам.
Таа веќе потпишала договор вреден 400 илјади фунти да пишува за случувањата на гламурозните настани, а веќе се појавила на повеќе од десет насловни страни на списанијата ширум САД. Извор за новинарите открил дека Опра била спремна на се само да ја добие Пипа. Но, ниту легендата на АВС, Валтерс, не мислела лесно да се откаже и засега тие две биле најблизу до тоа да го направат првото интервју во САД со Пипа Мидлтон.