За младиот британец петок 13 сепак бил баксузен ден. Како што изјавиле од брзата помош, тринаесетгодишното момче било удрено од гром во 13 часот и 13 минути на петок 13-ти.


За среќа се здобило само со мала изгореница на рамото. И покрај малата повреда ќе мора да остане во болница. Громот полесно повредил уште едно момче и една жена кои немале потреба од лекарска интервенција.