На американскиот актер Патрик Свејзи минатата година му беше дијагностициран рак. Оттогаш медиумите многу внимателно ја пратат неговата битка против ракот и физичките промени на неговиот изглед. Патрик испробал неколку терапии кои не се покажале како успешни, а на некои фотографии се забележува дека драстично ја намалил својата тежина.


Извор близок на актерот тврди дека му предложиле нова терапија која вклучува користење на марихуана. Сега тој секој ден се среќава со својот брат за да испушат џоинт. Според некои истражувања марихуаната навистина помага против несоницата и мачнините.