Туристички автобус со грчки регистарски таблички изминатиот викенд бил оштетен на паркингот кај поранешниот полигон за мали спортови во центарот на Охрид.

Со цврст предмет, најверојатно камен, оштетено било ветробранското стакло на автобусот.

Од СВР Охрид ја потврдија информацијата за инцидентот. Случајот бил пријавен во полицијата која извршила увид на местото на настанот и трага по сторителите.

 

OhridNews