Парис Хилтон се вратила назад во САД откако и било одбиено барањето за влез во Јапонија бидејќи неодамна била уапсена поради поседување на кокаин. Во вторникот навечер богатата наследничка била на шестчасовно испитување откако слетала на аеродромот во Токио.


По сослушувањето била испратена назад во Америка. Рекла дека е разочарана бидејќи нема да ги види своите фанови. Ветила дека ќе се врати брзо и им порачала дека ги сака. Со сестрата Ники, Парис дошла во Токио за да ја промовира нивната најнова модна колекција.