Необични имиња за необични подвизи. Основците од Охрид очигледно инспирирани од телевизиски херои и антихерои со силни имиња на екипите настапија на училишните Игри без граници што викендов во организација на извидничкиот клуб „Пионер“ се одржаа во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“.

На игрите триумфираше екипата „Ѕвезди“ од IV-4 одделение од ОУ „Григор Прличев“, второто место и припадна на екипата „Мафија“ од VI одделение од ОУ „Христо Узунов“, а третото место и припадна на екипата „Херои“ од III-6 одделение од ОУ „Братсво и Единство“ – Лескајца.

На Игрите без граници годинава учествуваа 400 ученици од II-IX одделение од основните училишта во Охрид. Игрите започнаа во февруари, а се одржуваа низ повеќе учишишта во Охрид и Дебрца.

-Со спроведување на проектот во кој се преплетуваа забавно-едукативни активности, учениците ги развиваа психофизичките способности, а со самото учество во екипен состав секој ученик ја развиваше тимската работа и натпреварувачкиот дух.-велат организаторите.

Проектот е поддржан од локалната самоуправа и основните училишта во Охрид.

OhridNews