Како што за OhridNews изјави првиот човек на болницата, Љубен Арнаудов, потребите на болницата се во што поскоро време да се вработаат од девет до петнаесет доктори. Ваквото барање му било и пренесено и на министерот за здравство при неговата неодамнешна посета на болницата.
Сеуште нема конкретен одговор дали министерот позитивно ќе се изјасни во врска со ваквото барање, но од Општата болница се оптимисти.
Потреба за зголемување на медицинскиот персонал, како што истакнуваат од болницата, има во одделенијата за урологија, хирургија, инфективното одделение, а особено во одделението за радиологија во кое од неодамна е пристигнат нов апарат за компјутерска томографија за чија уппотреба неопходно е вработување на нови доктори- специјалисти.