Таксистот Дон Прат 20 години ја возел Мери Вотсон додека живеела во Англија. Како благодарност, Мери која починала неодамна, му оставила околу 250 илјади долари. Дон изјавил дека секогаш му давала добри напојници. Била многу драга личност. Секогаш додека ја возел зборувале како да се пријатели. еднаш му рекла дека кога ќе умре, добро ќе се погрижи за него.
Дон тогаш не ни помислувал дека ќе му остави вистинско богатство. Рекол дека тоа му била најголемата напојница во неговиот 30 годишен стаж. Кога се преселила во старечки дом го изгубиле контактот, но таа сепак се сетила на нејзиниот омилен таксист. Таа немала блиски членови од семејството.