Посетителите на овогодинешниот, 181. Октобер фест, кој завшри во неделата, испиено е значително помалку пиво отколку минатата година. Минатата година околу 6,4 милиони гости испиле 7,7 милиони литри пиво, а на овогодинешниот Октоберфест посетата паднала за 1,5 проценти, но потрошувачката на пиво била помала за дури 1,2 милиони литри.
Помалку луѓе и помалку алкохол довеле и до помалку лекарски интервенции и апсења. Имало вкупно 600 случаи на труење со алкохол и 720 апсења, воглавно поради тепачки. Падот на бројот на посетителите се препишува на лошото време на почетокот на фестивалот.