Фестивалот на пивото Октоберфест оваа година прослави 200 години од своето постоење, а го оборил и рекордот во конзумација на пиво. Дури 7 милиони литри пиво биле испиени од вкупно 6,4 милиони посетители, изјавиле организаторите на последниот ден од фестивалот.
Минатата година фестивалот го посетиле 5,7 милиони луѓе, а рекордна година е 1985 со 7,1 милиони посетители. Канцеларијата за изгубени работи оваа година забележал и неколку необични загубени работи, како што се вештачки заби, куна и куче.