Во Минхен бил затворен традиционалниот Октоберфест, а организаторите соопштиле дека бил најуспешен досега, бидејќи бил посетен од 6,9 милиони луѓе, а биле испиени рекордни 7,5 милиони литри пиво, односно половина милион повеќе од минатата година. Организаторите соопштиле дека и самите се изненадени со тие бројки, бидејќи постоел песимизам поради тоа што неколку дена пред почетокот на фестивалот цената на пивото била зголемена на девет евра за литарска кригла.


Со остварените резултати бил воодушевен и градоначалникот на Минхен Кристијан Уде. Иако оваа година не била достигната рекордната посета од 1985, кога фестивалот го посетиле 7,1 милион лица, бизнис резултатите биле извонредни. Покрај тоа што продажбата на пиво била за седум проценти поголема од лани, за осум проценти била зголемена и продажбата на безалкохолни пијалоци, а посетителите изеле дури 118 волови.