На дел од граѓаните на Охрид им смета строгиот протокол при посета на градот на значајни делегации, како што беше и деновиве за време на Економскиот форум на претседателите на земјите од ЈИЕ.

„Знаеме дека е протокол ама колку милиони денари од промет се губат на бул. „Туристичка“ со тоа што не може никој да застане ни е една мастика да купи. Не е лошо делегациите да се пренасочат на ул. „Железничка“ за да видат каков е таму патот“, вели еден наш сограѓанин во писмото упатено до нашата редакција.

Граѓаните бараат полиберален режим на сообраќај за време на големите политички настани, со што би се намалиле негативните ефекти кои најмногу ги чувствуваат сопствениците на бизниси на најпрометната сообраќајница во градот на која се наоѓа и зелениот пазар.

ohridnews