„Сите нопаку ние терсене“ вели наш сограѓанин чудејќи се зошто уличните светилки во Охрид се вклучени сред бел ден.
Да работеа навечер ајде де, додава друг. И во право се луѓето ама на кого да му текне. Иаонака граѓаните го плаќаат уличното осветлување, редно е барем електрична енергија да се троши рационално.
Наспроти ова навечер во делови од Охрид е толку темно што ќе се запрашате дали сте во град или во некое забаталено село. Често не светат ниту новите светилки што на излезите на Охрид беа поставени неодамна.
За промена не е лошо да се регулира тајмерот на исклучување и вклучување на уличното осветлување.
фото: Васко Бујароски