На Охридското Езеро дефинитивно и што побрзо му е потребно воспоставување на управување . Во меѓувреме треба да се превземат силни мерки за конечно стопирање на рибокрадството а решавањето на предметите по поднесените пријави за вакво дело ќе помогне во процесот на стабилизирање на состојбите, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Оттаму информираат дека се презема веќе и конкретна и координирана активност со надлежните Министерства, околу организирање на систем на физичка заштита на рибниот фонд во езерото и дека се работи на усогласување на законската регулатива .
Она што очекуваме е имплементација на казнените мерки кон прекршителите што ќе биде еден од клучните фактори кои ќе помогнат во воспоставување ефикасен систем на заштита, велат од Мининистерството за животна средина и просторно планирање.