На охридско струшката ривиера деновиве според слободни проценки летуват над 50.000 туристи.
Во Охрид има над 30.000 гости. Хотелските капацитети се исполнети над 80%, додека во приватното сместување слободни соби веќе нема.
слободни соби веќе нема
Дел од гостите кои вчера од поблиските градови допатуваа во Охрид вечерта се враќаа дома поради тоа што не можеле да најдат сместување.
Во Струга летуваат над 20.000 гости. Хотелиерите и приватните станоиздавачи се задоволни од туристичката жетва и се надеваат дека главниот шпиц ќе потрае уште дваесетина дена.
Г.М.