Вечерва, на фестивалот „Охридско лето“ гостува СНГ Драма театарот од Љубљана со претставата „Спобудалената локомотива“  од Станислав Игнаси Виткиевич во режија на Јернеј Лоренци.

Станислав Игнаси Виткиевич е еден од најкомплексните  автори на полската и светската авангарда, а денес еден од класиците на 20-тиот век. „Спобудалената локомотива“ е напишана во 1923 година и е една од најкратките, но најмоќните драми каде на еден необичен и многу духовит начин ги резимира неговите уметнички и филозофски пребарувања.

Поставувањето на  самата претстава е вистински предизвик – како да се одржи експериментална, авангардна драма од 1923 година, претстава базирана на едвај одредена доктрина на „чиста форма“. При изведбата чистата форма е исполнета со моќни музички експресии. Конзистентноста, убедливата и точната тимска глума, храбрите решенија при доловувањето на односите меѓу карактерите, сценската поставеност и различната музика ја прават „Спобудалената локомотива“ извонредено креативно достигнување. Сите театарските елементи заемно оставаат силен, длабок и незаборавен впечаток. Јернеј Лоренци е роден 1973 година во Марибор. Добитник е на бројни национални и меѓународни награди за својата работа, вклучувајќи и три  во Марибор, и тоа за најдобар режисер, како и три Гранд при награди на Мариборскиот театар за најдобра претстава.

Во моментот е виш предавач на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, каде што предава актерство и режија.

OhridNews