Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, со почеток во 21 часот, на сцената на Центарот за култура, актерите од Албанскиот театар Скопје ќе ја изведат претставата „Магбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Диана Добрева.

Вчеравечер, љубителите на класичната музика во црквата Св. Софија имаа можност да го проследат концертот на турскиот пијанист Фазил Сеј кој изведе дела од: Ј. Хајдн, В. А. Моцарт, К. Дебиси, Џ. Гершвин, Ф. Сеј.

Претходно, во изложбениот салон на Центарот за култура беше промовирана книгата „Патникот“ од Борче Грозданов.

OhridNews