Од 21 ч. во катедралната црква Света Софија ќе настапат Кери Рустои, сопран, САД, Муцуми Мотеки, пијано, САД и Елена Голомеова, сопран, Македонија. Тие ќе изведат дела од Р.Штраус, Ј.Штраус, фон Вебер, Бергер, Моцарт, Хандли, Квилтер, Меноти и Лојд Вебер.
Еден час подоцна Драган Спасовски – Дац во Центарот за култура ќе ја изведе монодрамата „Облачна исповед од Томислав Османли.