Охрид ќе биде дел од 23-те македонски градови каде вечерва со почеток во 19 часот ќе се организира Собир за изразување на поддршка и почит за македонската полиција.

-Сите граѓани, стари и млади и од сите националности да се собереме на плоштадите во 23 градови во Република Македонија да ја изразиме нашата поддршка и почит за македонската полиција. Да се заблагодариме за нивниот патриотизам, за нивната професионалност и непоколебливост во одбрана на нашата држава, на нашите животи и нашиот мир и соживот, воспоставување на ред и владеење на законите. Време е секој граѓанин да ја изрази својата почит кон современите херои на нашата заедничка држава, полицијата, пишува во повикот кој е објавен на социјалната мрежа Facebook.

Во него се напоменува дека собирите ќе бидат мирни, мирољубиви и дека нема да биде потребно дополнително ангажирање на полицијата.

OhridNews