Полека но сигурно се комплетира мозаикот за интернационалниот музички фестивал „Охрид фест –Охридски трубадури 2017“.Во повеќе студија во Македонија се снимаат песните за фолк и поп вечерта а исто така во завршна фаза е и проектот за сценографијата, информира организаторот.

-Дефинитивно утврдени се и термните на одржувањето на фестивалот – 6,7 и 8 септември и неговата локација –кеј на Охридското езеро, веднаш до хотелот *Нова Ривиера* 

Според авторите и пејачите кои ќе учестуваат на 24 издание на ИНтернационалниот музичкит фестива „Охридски трубадури“ слободно можеме да кажеме дека годинешната манифестација ќе понуди и добра забава и повеќе нови хит песни. Во завршна фаза е комплетирањето на списокот на странските пејачи кои ќе настапат на ИНтернационалната вечер а овие неколку денови треба да биде потврден и настапот на една позната светска група. – велат од фестивалот.

На Фолк вечерта со премиерни песни ќе се претстават Благица Павловска ,Горан Кукиќ,Петар Нечовски, Ленче Кукиќ,Милан Секуловски, групите, Скопски боеми, Соната и други.Во рамките на оваа вечер своја шоу програма ќе имаат членовите на групата Биоритам.

Во програмата на поп вечерта ќе се најдат дваесетина нови композиции кои ќе ги исполнат Ристо Самарџиев, Мики Јовановски Џафер, Влатко Илиевски, Лена, Пепа, Моротов бенд. Денис Димовски и други.

OhridNews