Меѓународниот теквондо турнир „Охрид Опен“ се одржа денеска во спортската сала Билјанини извори во Охрид, со што и официјално почна новата сезона во овој трофеен спорт.

Турнирот се одржа под покровителство на Македонската теквондо федерација, а успешен организатор беше Теквондо клубот Хваранг Фист од Охрид.

Во конкуренција на 200 натпреварувачи од земјава и регионот, најуспешни беа натпреварувачите на ТК Хваранг Фист од Охрид пред ТК Корио – Кисела Вода и ТК Младост од Скопје.

На турнирот успешен настап имаа неколку наши дебитанти кои за прв пат излегоа на татамите да ги бранат боите на нашиот клуб, изнформираат од ТК Хваранг Фист.

Г.М.