Потребно е да се изготви сериозна стратегија за развој на туризмот во Охрид сметаат граѓаните. Голем дел од нив се со мислење дека туристичката понуда се сведува на импровизација што негативно се одразува на туризмот.

Во анкетата што ја спроведе Ohridnews, за искористеноста на туристичките капацитети на Охрид, 622 читатели или 48% одговориле дека е потребно да се изготви сериозна стратегија за развој на туризмот. 225 читатели или 17% сметаат дека градот прима гости над своите можности, а 191 или 15% смета дека туристичката понуда на Охрид се сведува на импровизација. Треба да се подобрат сместувачките капацитети сметаат 139 анкетирани или 11%, а 123-ца или 9% сметаат дека Охрид има добра туристичка инфраструктура.

Ohridnews