На Охрид неопходно му треба марина, сметаат граѓаните. На тоа упатуват и резултатите од анкетата што деновиве ја спорведе „Ohridnews“.

На прашањето:“Дали треба да се гради марина во Охрид?“, 1178 читатели, или 51% од вкупно анкетираните, одговориле дека тоа е неопходно. Други 545, или 23% сметаат дека таа треба да се изгради надвор од централното градско подрачје, a 264 граѓани или 11% се на мислење дека марината ќе го зголеми загадувањето на Охридското Езеро, а 9%, или 196 читатели сметаат дека на Охрид не му треба марина. Од анкетираните 146 лица или 6% сметаат дека чамците треба да се оставаат на посебно утврдено место на копно.

Реализација на проектот марина, за кој со години се говори во Охрид, најави Министерството за транспорт и врски, а според Генералниот урбанистички план предвидена локација за нејзина изградба е заливот кај вливот на реката Грашница.

Ohridnews