Охриѓани синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, имаа можност да ужуваа во нова доза креаривен хумор на извонредниот стендап комичар Никола Тодороски. Синоќа тој изведе нов материјал од серијалот „Revolution“, кој измами безброј насмевки од присутните.
Синоќешниот беше трет дел од проектот „СТЕНДАП РЕВОЛУЦИЈА“ кој Никола го започна во декември минатата година. Во рамки на овој проект тој секој месец до јуни 2015 ќе пишува и изведува нов материјал, што никогаш не е направено до сега.
Никола Тодороски
Следниот настап на Никола Тодороски на големата сцена во центарот за култура во Охрид со нов екслузивен материјал ќе биде на 3-ти април.
OhridNews
фото: Емил Јовановиќ