Локалната самоуправа ја подржува идејата на Владата за воведување едносменско обрзование за што според проценките ќе биде потрбно да се изградат нови пет основни училишта во Охрид.

“Ние добивме писмо со кое Владата не извести за иницијативата за изградба на 100 нови училишта, односно за обезбедување инфраструктурни услови за  воведување едносменско образование, што од наша страна беше со задоволство прифатена“, ни изјави советникот за образование во локалната самоуправа, Митре Вељаноски.

“Ние целосно ќе партиципираме во овој проект, но за реализација на истиот потребно е во општина Охрид да се изградат пет нови училишта со големина во просек на училиштето “Христо Узунов“ и така ќе се опфатат сите ученици да работат во една смена“, вели Вељаноски. Тој објаснува дека проектот е замислен по хрватскиот модел, училиштата да се градат на приватна иницијатива со догорочен закуп од 25-30 гонини за кој општината треба да плаќа закупнина. “Општината сама тоа не ќе може да издржи доколку нема помош од Владата бидејќи тоа ќе бидат големи издатоци“, вели Вељаноски.

Тој изрази надеж дека Владата има обезбедоно средства за реализација на оваа како што рече извонредно голема и скапа иницијатива. Вељаноски информира дека постојната училишна инфраструктура во Охрид е во добра состојба. Локалната самоуптрава минатата година инвестираше 20 милиони денари во подобрување на условите во училиштата кои сега се во добра состојба,  но во голем број други населени места не постојат ниту елементарни услови во училиштата, вели Вељаноски. Се надевам дека Владата сето ова го има земено во предвид, бидејќи ова е крајно сериозен проект и  ползата од едноссменското образование е огромна ако се знаат придобивките од таквиот систем на едукација, рече Вељаноски.

Г. Момироски